Турските хакери го „окупираа“ Твитер
Објавено во: Свет 15 Март, 2017
Твитер-профилите на меѓународни организации, медиуми и партии се хакирани, а веројатно зад тоа стојат Турците, објави „Раша тудеј“.
„Се гледаме на 16 април“, пишува на еден твит, со кој се алудира на на референдумот во Турција, со кој би можело да се зголемат овластувањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Твитовите содржат и линкови од „Јутјуб“, на кои има неколку видеа од турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Во објавите на „Твитер“ на официјалните профили на УНИЦЕФ, САД и „Амнести интернешенал“ се наоѓа симбол свастика, како и хаштаговите „нациГерманија“ и „нациХоландија“.
Сè уште не е јасно кој стои зад хакирањето, а „Булмберг“ пишува дека оштетен е „Ројтерс Јапонија“. „Форбс“, „Би-би-си“ за Северна Америка и германскиот весник „Велт“.
Хакирани се профилите на градоначалникот на Бордо, Ален Жипе, и на Марсело Клор од Европскиот парламент.