02 Мај, 2024
0.0318

Тутунски комбинат Прилеп за првпат по децении во добивка, прокнижени 39,2 милиони денари плус за 2019 година

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Над 39 милиони денари добивка за Тутунски комбинат од Прилеп покажа завршната сметка на компанијата. Ова е успех на компанијата којашто по петгодишно партнерство со Филип Морис Интернационал во заедничката компанија ПМТКП успеа да излезе од листата на загубари. Позитивните резултати на компанијата се должат на зголемената ефикасност и модернизација на компанијата.

“Успеавме да покажеме дека со план и со добра стратегија возможни се одлични резултати. Оперативната добивка за минатата година се должи на успешно спроведена систематизација на работни места, но и поради големиот број на инвестиции за зголемување на енергетската ефикасност коишто значително ги намалија трошоците по основ на енергија во друштвото. Тоа пак ни овозможи да ги зголемиме месечните примања на вработените за 25%“, изјави Кирил Станкоски, генерален директор на ТКП.

Изминатите години следеше прво стабилизација на работењето на комбинатот, проследена со  квалитативна трансформација на производниот процес и модернизација на работењето овозможено од стратешкото партнерство со Филип Морис.

„Добрите перформанси нé донесоа до момент за почеток на производството на Marlboro Fine Touch со што успеавме да станеме позиционирани на мапата на производители на најпознатиот глобален бренд на Филип Морис. Откупот на тутунот помина беспрекорно, а квалитетот е неспорен. Одиме кон подобро и сме големи оптимисти и за оваа година”, додаде Станкоски.

Изминатите години Тутунски комбинат значително ја подобри инфраструктурата на производствосо реновирање на производниот погон, подигнување на производствените стандарди и производство на нови квалитетни брендови. Во Тутунски комбинат Прилеп се произведуваат брендовите Marlboro Flavour Plus, Chesterfield 7.0, Marlboro Core 7.0 што придонесе за зголемена оперативност.


Можеби ќе ве интересира

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година