04 Мај, 2024
0.0229

„Twitter“ и „Google“ го прошируваат партнерството

Објавено во: Стил 23 Август, 2015

Добивај вести на Viber

„Twitter“ и „Google“ го проширија партнерството, тоа може да се забележи по пораките објавени на социјалната мрежа, и резултатите кои се појавуваат при пребарување на интернет.

Првите „твитови“, почнаа да течат во мај, и беа вклучени во резултатите од пребарувањето на „Google“ при пребарување на интернет од „smartphone“. Сега оваа практика е проширена, како наоѓање на нив во пребарувач сега е можно и од десктоп компјутери.

Ова беше потврдено преку симболична размена на пораки на „Twitter“ меѓу двете компании.

„Google“ и „Twitter“ имаа сличен клабинг меѓу 2009 и 2011 година. Надградбата на партнерството доаѓа во време на обидите на социјалната мрежа да ја прошири својата публика, за да ги смири пазарите за изгледите за раст.

Кон крајот на јуни „Twitter“ имаше 316 милиони претплатници, но само 44% од нив влегуваат секој ден во мрежата на 20-те нејзини основни пазари. За споредба, кај „Facebook“ 65% од вкупно 1,49 милијарди корисници во светот секојдневно уживаат во страницата.