Уапсен човекот кој повреди луѓе со моторна пила - кој е тој?
Објавено во: Свет 26 Јули, 2017
Полицијата во Швајцарија го уапсила мажот кој нападна со моторна пила луѓе во градот Шафхаузен.
Напаѓачот е 51-годишниот Франц Врузис. Тој е бездомник и бил уапсен во Талвил, јужно од градот Цирих.
По нападот, напаѓачот успеа да избега, а за неговото апсење работеа над 100 полицајци во Швајцарија.