Уапсени хакерите на HBO и Game of Thrones во Индија
Објавено во: Свет 15 Август, 2017
Индиската полиција приведе четири лица кои се осомничени за протекувањето на четвртата епизода од новата сезона на најпопуларната ТВ серија Game of Thrones. Тие ја пуштиле епизодата на интернет сајтовите за пиратерија откако ја стекнале од индиска продукциска куќа која ја добиле снимката од HBO за преглед. Тие се обвинети за проневера и хакирање.
Според локалните медиуми уапсените биле вработени во компанијата одговорна за складирањето и дистрибуцијата на епизодите.
Ова е посебен случај за HBO кој пред десетина дена беше нападнат од хакери кои украле илјадници документи, доверливи информации и ги пробиле корисничките сметки на вработени во компанијата која прикажива премиум кабелска содржина барајќи десетина милиони долари како надомест за да не ги објават содржините.