Уапсија маж осомничен за тероризам во Германија
Објавено во: Свет 14 Февруари, 2017
Еден човек е уапсен од германската полиција за време на антитерористичка операција во источниот град Кемниц, изјавија извори од службите за безбедност, цитирани од ДПА.
Специјалци поддржани од локалната полиција, влегоа во неколку станови во градот.
Истрагата се раководи од федералната обвинителство во Карлсруе, но засега нема повеќе податоци.
Портпаролот во Карлсруе соопшти дека повеќе информации ќе бидат дадени подоцна во текот на денот.
Пред тоа, германскиот весник „Билд" соопшти дека вооружени полицајци влегле во зграда во Кемниц синоќа, а со нив имало и куче, обучено да открива експлозив.
Имаше и вести во медиумите за втора операција.
Во октомври германската полиција имаше антитерористичка операција во стан во Кемниц, при што мажот осомничен за планирање на бомбашки напад врз аеродром, избега.
Џабер ал Бакр, 22-годишен Сириец, кој дошол во Германија како бегалец и кој имаше врски со групата „Исламска држава", на крајот беше уапсен, по дводневната потера, но се самоуби во затвор.