20 Мај, 2024
0.0288

УБЕДУВАЛА СОГРАЃАНКА ЗА КОЈА ПАРТИЈА ДА ГЛАСА - до ОЈО пристигнале неколку пријави за неправилности на изборите

Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Оформен предмет против жител на Неготино поради попречување на слободата на избирачите, организирано носење на гласање, но и обид за поткуп на гласачи.

Ова се трите инциденти за кои информира Основното јавно обвинителство од каде потенцираат дека сепак, до затворањето на избирачките места, изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти.

- Од информациите добиени од јавните обвинителства во државава, во ОЈО Кавадарци оформен е предмет по поднесено известување против лице од Неготино кое било пријавено од граѓанин за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од член 160 од Кривичниот законик. 

Според наводите, пријавената телефонски се обидела да влијае кај  пријавителката да гласа за една политичка партија, напоменувајќи дека е корисник на ИПАРД помош. Предметот е во предистражна постапка и се преземаат дејствија за да се утврди дали постојат елементите на пријавеното кривично дело или друго кривично дело кое се гони по службена должност - кажаа од ОЈО.

Исто така, во ОЈО Кочани примени се известувања од МВР за пријавени настани поврзани со организирано носење на гласачи на избирачко место. Јавен обвинител веднаш даде насоки за проверка и прибирање податоци дали при превозот на каков било начин им се влијаело на гласачите во врска со остварувањето на нивното гласачко право.

- Анонимен граѓанин во Ростуше пријавил дека едно лице вршело поткуп на гласачи. ОЈО Гостивар веднаш даде наредби и насоки, беа направени детални проверки, при што наводите не се потврдија со ниту еден доказ - посочуваат од ОЈО

Освен ова, јавните обвинителства постапуваат и вршат проверки за сите други изолирани настани за кои јавноста претходно беше информирана.

Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража