17 Мај, 2024
0.0271

УЈП утре треба да го објави списокот на компаниите кои не исплатиле плати од државната помош

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи утре треба да ја објави новата листа на претпријатија кои не ја исплатиле ноемвриската плата за своите вработени а добиле државна помош во рамки на четвртиот пакет на економски мерки.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, листата на новите неисплаќачи ќе биде доставена до генералниот секретаријат на Владата за да се објави на првиот работен ден во 2021.

351 претпријатие по опомената ја исплатиле платата за месец ноември.  Најмногу работодавачи кои до сега не го направиле тоа се 43 во трговијата на мало, 37 во подготовка на оброци и 22 транспорт во транспортот. По региони, 73 се од Скопје, 21 од Тетово, 10 од Гостивар, итн. Лукаревска потсети дека глобите се од 500 до 10.000 евра во зависност од големината на работодавачот.

Управата за јавни приходи за една недела ќе ги блокира сметките на фирмите кои до сега не ја исплатиле платата на своите вработени а примиле државна помош, најави директорката Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

„За една недела ќе следува блокада на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на вработените лица и на уплатните сметки за јавни приходи“, рече Лукаревска и додаде дека најмногу станува збор за фамилијарни бизниси со еден до пет вработени.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА