17 Мај, 2024
0.0284

УЈП: За една недела ќе бидат блокирани сметките на фирмите неисплаќачи на плати

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи за една недела ќе ги блокира сметките на фирмите кои до сега не ја исплатиле платата на своите вработени а примиле државна помош, најави директорката Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

„За една недела ќе следува блокада на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на вработените лица и на уплатните сметки за јавни приходи“, рече претпладнево Лукаревска и рече дека најмногу станува збор за фамилијарни бизниси со еден до пет вработени.

351 претпријатие по опомената ја исплатиле платата за месец ноември.  Најмногу работодавачи кои до сега не го направиле тоа се 43 во трговијата на мало,  37 во подготовка на оброци и 22 транспорт во транспортот. По региони, 73 се од Скопје, 21 од Тетово, 10 од Гостивар, итн. Лукаревска потсети дека глобите се од 500 до 10.000 евра во зависност од големината на работодавачот.

„ Од 179 компании кои не ја исплатија претходната плата за октомври, по спроведените активности на УЈП, нивниот број се намалил на 17 компании, каде што во тек е постапка за присилна наплата“, изјави Лукаревска.

Директорката на УЈП информира дека од претходниот пакет на економски мерки,  50 компании не исплатиле плата за април, 38 за мај и 64 компании за јуни.

За нив е доставена пријава во Обвинителството. Во меѓувреме 30 даночни обврзници се посетени од инспекторатот за труд во делот за финансиската поддршка. Листата на новите неисплаќачи ќе биде доставена до генералниот секретаријат на Владата за да се објави на првиот работен ден во 2021.


Можеби ќе ве интересира

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати