Укината автономијата на Каталонија
Објавено во: Свет 27 Октомври, 2017
Шпанскиот Сенат попладнево ја укина автономијата на Каталонија и одобри воведување директна управа во тој регион.
Ниту владата во Барселона нема веќе извршна надлежност во Каталонија.
Со 214 гласа „за“ и 47 против, Сенатот за Шпанија се повика на членот 155 од Уставот на Шпанија, и му даде вонредни овластувања на премиерот Маријано Рахој да постапува во однос на сепаратистичките постапки на регионалната власт на Каталонија.
„Владеењето на правото ќе ја врати легалноста во Каталонија“- напиша Рахој на Твитер.
Каталонија денеска прогласи независност од Шпанија.Каталонците во еуфорија поради отцепувањето од Шпанија се собраа на улиците на Барселона.
На 1 октомври тие на референдум гласаа за независност.