03 Мај, 2024
0.1917

УКИНУВАЊЕТО НА АНТИКОВИД МЕРКИТЕ ДЕНЕСКА НА ВЛАДИНА СЕДНИЦА: За задолжителното носење маски КЗБ најверојатно ќе разговара утре

Објавено во: Македонија 08 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Сетификатот за прележан ковид да важи 180, наместо 45 дена, враќање на трудниците на работните места, враќањето на студентите на факултетите со физичко присуство, излез од држават без потврди за примени вакцини, прележана болест или пак потврда за негативен ПЦР, како и укинување на сертификатите при влегување во моловите, се барањата на Комисијата за заразни болести од пред неколку недели, а кои веќе се прифатени од страна на Кризниот штаб, денеска најверојатно ќе се најдат и на Владина седница по што се очекува и официјално да бидат усвоени и да стапат на сила.  

Останува уште мерката задолжително носење маски во затворени простории за што Комисијата за заразни болести најверојатно ќе разговара на утрешниот состанок. Оттаму велат дека епидемиолошката состојба во Македонија е сосема стабилна, нема никакво преоптоварување на болничките капацитети, бројките на новозаразени постојано паѓаат, но сепак е се уште рано за да се случи целосно укинување на мерките, пред се заради нискиот опфат на вакцинација кој во Македонија е некаде над 41 процент.

Сепак од страна на родителите не стивнуваат реакциите за задолжителното носење маски за време на наставата во основните и средните училишта. Единствено барање од страна на група родители во однос на укинување на носењето заштитни маски е само за време на часовите по физичко образование.

Наставата по физичко образование ќе се одвива без заштитни маски, нагласено е во документ од Владата на кој вчера се повик ТВ21. Во документот се наведува дека одлуката е донесена на барање и средба со група граѓани-родители и е во согласност со препораките на Светската здравствена организација.

Токму во оваа насока, родителите со кои разговараше Фактор посочуваат дека носењето маски на останатите часови нема никаква логика.

-Сметаме дека задолжителното носење маски во училница е целосно бесмислено, особено што процентот на заразени ученици со ковид во училиштата е многу низок. Заштитните маски, освен во јавниот превоз и главно во продавници, веќе никаде никаде не се носат.  На работните места и во институциите, па и во многу приватни фирми ретко кој од вработените ги носи постојано. Граѓаните во голем број прележаа ковид, дел се вакцинираа, примаат и бустер дози, така што ризикот со зараза со ковид е сведен на минимум. Затоа сметаме дека е доста со носењето маски во училиштата, велат од родителските одбори во неколку скопски основни училишта.  

Здравствените власти, сепак посочуваат дека останатите рестриктивни мерки постепено ќе се релаксираат и не очекуваат да има зголемување на бројот на новозаразени. Велат дека пандемијата не е завршена, но трендот е многу добар, а податоците покажуваат дека иако процентот на вакцинирани е мал, колективниот имунитет во Македонија е околу 80-85 отсто.

Во моментов, во Скопје има најголем број активни случаи, 1.354, а вкупниот број на активни со корона вирусот во цела Македонија е 2.445.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите