16 Мај, 2024
0.0290

Украина губи милијарди поради кризата

Објавено во: Анализа 04 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Украина веќе има загубено повеќе од две милијарди долари поради тешката политичка криза која од ноември минатата година, ја тресе земјата. Националната валута гривна, ослабна, само во текот на минатиот месец, околу 5,5 отсто, предупредија на експертски собир во Украина. Извршниот директор на непрофитната организација Меѓународен фонд блејзер, Олег Устенко, вели дека штетата која сега ја трпи украинската економија, најмногу се огледува во растот на вредноста на сервисирањето на странските заеми, промените во расположението кај странските инвеститори, но и се поголемата нестабилност на внатрешниот валутен пазар. „Политичкиот конфликт чини многу скапо, особено што се случува во период на општа нестабилност на помалку развиените пазари во светот, откако во САД се одлучија да го намалат обемот на поттикнувањата за сопствената економија, што предизвика одлив на капиталот од брзо растечките економии“, објасни Устенко. На почетокот од оваа година, забележан е брз пад на вредноста на националната валута во Турција, Русија, Украина и низа други земји, додаде тој. Според зборовите на Устенко, приватните бизнисмени во Украина трпат големи штети поради драматичната политичка ситуација во земјата, а еконосмкиот раст во некогашната најпросперитетна република во некогашниот Советски сојуз, оваа година, сигурно ќе биде помал од претходно прогнозираните два до три отсто. Ќе биде успех доколку Украина, во условите кои ги диктира тековната политичка криза, оваа година да забележи нулта економски раст, откако, судејќи според сите мериторни проценки, економската активност лани била во „негативна територија“, иако владата најави благ раст, беше речено на собирот во Киев. Националната банка на Украина (НБУ) тврди дека со упорните интервенции успеала да го стабилизира домашниот валутен пазар, откако вредноста на гривната забележително е урната во текот на минатиот месец, во услови на силниот раст на барањето з астрански валути, а особено доларот. Курсот на гривната, оваа недела, опадна на околу 8,6 за долар, а владата, во договор со раководството на НБУ за оваа година, планирала буџет на земјата со курс на домашната валута во распон од 8 до 8,5 за една „зелена валута“. Настојувајќи да спречи поголем пад на вредноста на гривната, НБУ, во последните два месеци, во серија директни интервенции на валутниот пазар, веќе потрошила повеќе од 960 милиони долари. Девизните резерви на УБС, инаку, минатата година нагло почнаа да се намалуваат и во моментов се околу 20 милијарди долари, или безмалку, двојно „потенки“ отколку пред четири години. Опозициските и песимистички настроени економисти изразуваат загриженост дека, доколку Русија и ја откаже на Украина понатамошната исплата на кредитот од 15 милијарди долари, од кои три милијарди веќе се трансферирани, положбата на гривната, но и на цела украинска економија, ќе стане „крајо проблематична“. Оптимистите сепак веруваат дека прекинот на финансиската помош од Русија е млаку веројатен, повикувајќи се и на изјавата на рускиот претседател., Владимир Путин. Тој оваа недела изјави дека исплатата на договорениот кредит со Украина нема д абиде доведена во прашање дури и ако опозицијата ја превземе извршната власт во Киев.   А.А.