20 Мај, 2024
0.0308

Умирањето до избори сигурно не поскапува, а потоа ќе видиме!

Објавено во: Мои пари 18 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

До локалните избори погребалните услуги нема да поскапат, велат извори за Фактор од Град Скопје. За изготвениот нов ценовник на АД Бутел, Градот Скопје излезе со став, дека образложението на претпријатието за зголемувањето на цените е неосновано. -Определени мотиви и критериуми кои се наведуиваат како причина за поскапувањето се дискутабилни. Како пример го наведуваме случајот каде предлагачот посочува дека надоместот за одржување на градските гробишта треба да се зголеми, наведувајќи ја како причина ниската наплата од само 11 отсто. Сепак се работи за доста комлексна одлука, сметаме дека треба да се остави доволно време да се согледаат сите аспекти, па евентуално во понатамошна постапка да се направи извесна корекција на постојната Одлука за утврдување на висината на надоместоците, стои во мислењето на Градот Скопје по однос на поднесеното барање од АД Бутел. Поради овие причини точката за која требаше да се расправа на последната седница на Грaд Скопје, беше тргната од дневен ред, а Бутел засега го повлекол барањето за промена на цените. Инаку претпријатието во своето барање имаше потенцирано дека поради зголемените трошоци за работа, бара цените за погребалните услуги да се зголемат, бидејќи сега веќе трпи загуби. -Во изминатиот период драстично се зголемени цената на електричната енергија и нафтените деривати, а со тоа и трошоците за работа, што придонесува да работиме со загуба. Нашата евиденција покажува дека наплатата е само 11 отсто, и на вака ниско определен надоместок како сегашниот, тој не се плаќа редовно, а како Управител со законските одредби, воопшто не сме заштитени со механизми за наплата и ова преставува основа за основа за работење со загуби, се вели во барањето на АД Бутел. Во образложението претпријатието наведува дека високите трошоци, ниските цени кон операторите и каменорезачите, неликвидното работење и неефикасната наплата, биле принудени да земат кредити, па сега стасале и  обврските за нивна исплата со камати и трошоци. Според пресметките на Бутел, корегираните цени се двојно поскапи од сегашните. Во новиот ценовник е превидено за 100 отсто да поскапи користењето на капелаи ладилник, гробарината, ново гробно место и останатите надоместоци. Вака изгледа корегираниот ценовник на АД Бутел, за кој, едно е сигурно дека до локалните избори ќе стои во фиока.  

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО