02 Мај, 2024
0.0264

УНИ Банка го прогласи „короната вирусот“ за мртов! Прочитајте како?

Објавено во: Финансии, Корона Вирус 18 Август, 2020

Добивај вести на Viber

На УНИ Банка во корона време се и оди од рака. Добивката, која порасна за 29 отсто, е генерирана од раст на нето приходите од камати, раст на останатите приходи и раст на нето приходите од курсни разлики. Резервациите растат врз основа на зголемено кредитирање, а загубата заради оштетување на нефинансиски средства е речиси нула.

Одлични вести за акционерите на УНИ Банка! Во првото полугодие годинава добивката, во услови на корона пандемија, во споредба со истиот период лани пораснала за 29 отсто. На крајот на јуни годинава добивката пред оданочување изнесува 2,14 милиони евра што е за 479.000 евра повеќе од истиот период лани. Зголемени се нето приходите од камати. Расте кредитирањето, расте нивото на депозити. Од досега објавените резултати за првото полугодие УНИ Банка најуспешно се справи со тешката состојба предизвикана од економските последици во услови на COVID 19.


Каква е анти-корона терапијата на УНИ Банка?


Во првото полугодие годинава УНИ Банка има 7 милиони евра нето приходи од камати. Во споредба со истиот период лани тие се поголеми за 820.000 евра, што е фантастичен резултат кој може да биде предизвик за силната конкуренција во групата на средните деловни банки.
Очекувано, пад на нето приходите од провизии и надоместоци предизвикан од ограничувањата за работење и движење во поголем дел од вториот квартал годинава. Но падот е минимален. Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 1,25 милиони евра и се за само 76.000 евра пониски од првото полугодие во 2019 година. Дури може да се истакне дека УНИ Банка тој пад го компензира во целост со нето приходите од курсни разлики кои изнесуваат 309.000 евра и во однос на лани се повисоки за 83.000 евра. Растат и останатите приходи од дејноста. Тие изнесуваат 200.000 евра што е за 33.000 евра подобар резултат од истиот период лани. Навистина кога се гледаат и споредуваат бројките од билансот на успех на оваа банка се наметнува прашањето: а има ли корона вирус?


Резервациите во споредба со истиот период лани се зголемени за 291.000 евра и изнесуваат 1,6 милиони евра.

УНИ Банка преку кредитирањето во првата половина од годинава дури и дава поддршка на компаниите да ја надминат намалената побарувачка преку директна и преку индиректна кредитна поддршка. Кредитирањето расте. Заклучно со крајот на јуни годинава кредитни пласмани на оваа банка изнесуваат 272,1 милиони евра и се за 5,8 милиони евра зголемени во однос на состојбата на 31 декември лани. Логично е дека основа за тој чекор менаџментот има во зголемено ниво на депозити кои штедачите и коминтентите ги чуваат во таа банка. Тие на крајот на јуни изнесуваат 310,2 милиони евра и се за 12,7 милиони поголеми од износот на депозити на крајот на декември лани.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци