03 Мај, 2024
0.0337

Уникатно! Еве како да ги избелите вашите заби за само 3 минути

Објавено во: Стил 11 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Многу луѓе се борат со проблемот на жолти заби, и се чувствуваат непријатно секој пат кога ќе се насмевнат. Редовно чистење и четкање на забите не е доволно за да се избегне проблемот со дамките на забите, и иако лентите за белење можат да бидат ефективни, тие понекогаш предизвикуваат болна осетливост на непцата и забите.

Затоа тука ние ќе ви препорачаме еден едноставен и природен начин да ги избелите забите за неколку нијанси, без да бидат оштетени со груби хемикалии, како што се оние кои обично се среќаваат во составот на производите за белење на забите.

За оваа смеса ќе ви треба малку сода бикарбона и лимон. Во мал сад ставете малку сода бикарбона и помешајте ја со свежо исцеден сок од лимон, додека смесата не стане малку пенаста.

Со памук за отстранување на шминка, избришете ги и исчистите забите пред да ја нанесете оваа неверојатна мешавина. По нанесувањето, оставете ја да отстои една минута. Потоа измијте ги забите нормално со четка за заби.

Забелешка: Не треба да ја оставате смесата на забите повеќе од една минута, бидејќи киселината ќе го оштети забниот гел!