05 Мај, 2024
0.0238

Уникатно: Растенијата кои ги лекуваат човечките органи на кои личат

Објавено во: Стил 30 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Познато е дека морковите се корисни за очите, школките за тестисите, а има и други плодови и зеленчук, кои се здрави за одреден дел од телото, на кој личат.

Оревот личи на мозокот и ја подобрува меморијата

Плодовите на оревот личат на мозокот. Оревот наликува многу во форма на левата или десната хемисфера на мозокот.

И за тоа не е изненадување дека оревите се нарекуваат „храна за мозокот“. Имаат висока содржина на омега-3 масни киселини, кои помагаат за подобрување на функцијата на мозокот.

Морковот е корисен за видот и личи на око

морков

Пресечено кругче од морков, погледнете одблизу и ќе забележите дека личи на око. Но освен што изгледаат како око, морковите се и многу корисни за здравјето.

Тие се полни со витамини и антиоксиданси, како бета каротин, кој ги зголемува шансите за спречување на макуларна дегенерација, главната причина за загубата на видот кај постарите луѓе.

Целерот наликува на коските, а е корисно за нивно побрзо заздравување

коски

Долгите стебленца на целерот изгледаат токму како коските, но тие исто така се и корисни за нив.

Целерот е ексклузивен извор на силициум, кој им дава цврстина на коските. Има една сличност помеѓу целерот и коските, а тоа е дека и двете содржат 23% натриум.

Авокадото има лик како на матката и се препорачува за репродуктивното здравје на жената

авокадо

Обликот на круша, која го има авокадото, наликува на матката и помага за репродуктивното здравје.

Авокадото е добар извор на фолна киселина, а преку неа се намалува ризикот од цервикална дисплазија, што е преканцерозна состојба.

Школките личат на тестисите и го подобруваат квалитетот на спермата

сколки

Досегашните истражувања направени од холандските научници покажуваат дека исхраната со фолна киселина и цинк, нешто што го има во големи количини кај школки, значително влијае за подобрување на квалитетот на спермата кај мажите.

Школките се познати и како еден од афродизијаците кои ја подобруваат сексуалната желба.

Грејпфрутот ја чува дојката од развој на рак

цицка

Сличноста помеѓу тропско овошје, како лимон и грејпфрут, и градите не е случајно.

Грејпфрутот содржи материи кои се нарекуваат лимоноиди кои се покажаа како одлични во потиснувањето на развојот на рак кај лабораториските животни.

Доматот е како срцето и го штити

домат

Пресечете едно парче домат и ќе забележите дека тој има комори, кои личат на структурата на срцето. Истражувањата утврдиле дека поради постоење на ликопен во доматите, има намален ризик за срцеви заболувања кај луѓето кои ги консумираат во големи количини. Приготвувањето на салата со маслиново масло и авокадо ја зголемуваат десеткратно можноста за апсорпција на ликопен од телото.

Црвеното вино наликува на крвта

вино

Црвеното вино (макар и да не е растение, но е растителен производ), кое е богато со антиоксиданси и полифеноли, вклучувајќи и ресвератрол, изгледа како крв. Кога ќе испиете чаша црвено вино, вие ќе се заштитите од LDL-холестеролот, кој може да предизвика болест на срцето. Исто така виното го намалува ризикот од згрутчување на крвта и така нè штити од мозочен удар и срцеви заболувања.

Ѓумбирот личи на желудникот

џумбир

Секој кој некогаш имал проблеми со желудникот, и користел ѓумбир, знае за борбата и за неговите ефекти.

Тој личи на дигестивниот систем. Ѓумбирот има способност да го спречи гадењето и повраќањето.

Слаткиот компир личи на панкреас

компир

Слаткиот компир има сличен лик со панкреасот, а исто така е и моќен антиоксидант, кој ги штити сите ткива во телото, вклучувајќи го и панкреасот, од секакви штетни влијанија поврзани со рак или стареење.

Печурките и увото

уво

Исечете една печурка на половина и ќе забележите колку многу наликува на човечкото уво. Печурките го подобруваат слухот и се едни од ретките хранливи плодови кои содржат големи количини на витамин D, кој е важен за здравјето на коските, дури и на малите, кои се наоѓаат во уво.