26 Април, 2024
0.0289

Заклучоци од Тркалезната маса за непречен транспорт на стоки

Употребата на продуктоводот и функционалност на Коридорот 10 – приоритети за непречен транспорт на стоки

Објавено во: Мои пари 16 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Воспоставување целосна инфраструктурна функционалност на Коридорот 10 и обезбедување непречен пристап на стоките од и до пристаништето во Солун претставува прв приоритет за непречено одвивање на сите меѓусебни увозно-извозни бизнис-релации. За редовно снабдување со нафтени деривати од Република Грција, употребата на продуктоводот е неопходност. Ова се дел од заклучоците од тркалезната маса одржана на тема „Сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати - можности и алтернативи“ организирана од Стопанска комора на Македонија.

Во присуство на компании и надлежните државни институции беа разгледани расположливите решенија во процесот на сигурно снабдување со стоки кои се неопходни за тековните потреби на стопанството, посебно во услови на се позачестени блокади кои предизвикуваат застои и нефункционалност во превозот на стоки во патниот и во железничкиот сообраќај кон Република Грција.

Кога се мисли на наоѓањето соодветни решенија за надминување на овие проблеми, треба да се гледа многу пошироко, загубата не е само на страна на приватниот сектор во земјава, големи се и загубите кои како земја ги чувствуваме како резултат на изгубената добивка за стоката која е во транзит. Со ова, атрактивноста на Коридорот 10 се намалува, странските компании не заобиколуваат и користат други патни правци, што долгорочно гледано остава трајни економски последици“, истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

„Иако македонскиот пазар на горива е либерализиран и горивата доаѓаат од различни извори, главното снабдување на земјата доаѓа од југот, најмногу од Групацијата Хеленик Петролеум. Македонскиот пазар зависи од ова снабдување, бидејќи алтернативните извори не можат ефикасно да ги задоволат неговите потреби. Снабдувањето беше прекинато веќе три пати во период пократок од една година, и тоа: од мигрантската криза, снегот на грчката страна на границата и неодамна, со протестите на грчките земјоделци. Неефективноста на железничкиот сообраќај само ги надополни логистичките ограничувања. За време на сите овие проблематични периоди, ОКТА успеа да го обезбеди снабдувањето на земјата преку своите резерви и алтернативните рути на снабдување. Снабдување со зголемен трошок, меѓутоа непрекинато. Ниту една од овие потешкотии немаше да настане доколку нафтоводот Вардакс беше во функција: безбедноста на снабдувањето на пазарот ќе беше загарантирана под сите услови. Би сакал да ја искористам оваа можност и да им се заблагодарам на македонските власти кои ни помогнаа за време на последната криза, како и на грчката канцеларија за врски, за нивната поддршка во решавањето на проблемите од грчката страна”, изјави Јаннис Героуланос, Главен извршен директор на ОКТА АД – Скопје.

Д-р Ристо Јаневски, директор на сектор логистика и услуги на клиенти во ОКТА АД Скопје и претседател на Здружението на енергетиката, преку својата презентација на тема „Синџирот на снабдување на ОКТА АД – Скопје, предизвици и алтернативи“ ја дополни сликата за значењето што компанијата го има во снабдувањето на македонското стопанство со нафта и нафтени деривати давајќи соодветен придонес во конципирањето на предложените решенија за подобрување на состојбите на ова поле.

Диверзификација односно пренасочување на превозните средства (користење на железница и автоцистерни или камиони) и користење на повеќе влезни и излезни царински премини во државата е краткорочно решение во случај на нарушување на снабдувањето со деривати и други стоки. Инфраструктурата, царинските премини и терминали на коридорот Исток – Запад не е доволна и не е соодветна за редовно снабдување со стоки, а особено за нафтени деривати во подолг период. Инцидентно може да помогне во одредени ситуации кога има нарушување на снабдувањетопреку коридорот 10.

Иван Петровски, генерален директор на Фершпед АД Скопје и претседател на Македонската транспортна асоцијација, зборуваше на тема „Сегашните состојби и новите предизвици во транспортот на стока од Солунското пристаниште“. Во своето обраќање, тој преку бројки и податоци ги истакна големата улога и значењето што Пристаништето Солун ги има за македонското стопанство во однос на другите морски пристаништа во поблиското и подалечното опкружување, давајќи му монополско значење во поглед на оддалеченоста, трошковниот аспект, инфраструктурната поврзаност, капацитетот и сл.

Во однос на тоа беше заклучено дека со заокружување на процесот на приватизација на Солунското пристаниште и негово давање под концесија, како и либерализација на пристапот кон грчката железничка инфраструктура и влез на приватни оператори, ќе се овозможи либерализирање на односите по повеќе основи, избегнување на можни штрајкови, подобрување на брзината на испораките, намалени трошоци.

Во активностите на сите инволвирани субјекти во земјата и соседството, како од страна на надлежните државни органи и институции, така и од непосредните учесници во транспортниот ланец, се апелираше за навремено делување во насока на создавање нормални услови за транспорт на стоки и нафтени деривати.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“