19 Мај, 2024
0.0283

Управата на затворот „Идризово“ одговори, но не кажа кој ќе „папа“ половина тон путер

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Во одговорот што го добивме од управата на КПУ-КДП Идризово нема децидно објаснување зошто се зголемува за 50 отсто набавената количина на путер во новиот тендер за потребите на храна на затворениците. Да потсетиме дека новиот тендер издвојува 28.000 евра за 1,5 тони путер, а претходниот тендер 1 тон путер за 13.000 евра. Објаснувањето од затворот е  цитираме „Во однос на зголемената вредност за набавката на путер во последната јавна набавка, таа е резултат на зголеменото количество кое се набавува, но и на зголемената цена на овој производ на пазарот

Затворот „Идризово“ набави 1,5 тони путер на новиот годишен тендер склучен во ноември. Тоа е 50 отсто поголема количина на набавен путер во споредба со последниот тендер на кој затворот набави еден тон германски несолен путер со 80 отсто масленост. Ниту управата на најголемиот затвор во земјава ниту Управата за извршување санкции не дадоа конкретен одговор на прашањето зошто потребите на путер се зголемени за 50 отсто.
Без да коментираме подолу се прашањата на „Фактор“, а под нив интегрално одговорите на в.д. директорот Шпенд Таири.
Јавноста ќе прочита и ќе процени кое е нивото на транспарентност на директорот и на надлежните лица од Управата за извршување санкции.
Парите за путерот се народни и се обезбедени од централниот буџет!
Почитувани, во интерес на целосно и објективно инфоррмирање на јавноста Ве молиме да одговорите на следните прашања кои произлегуваат од јавната набавка на храна за потребите на затврениците во КПД Идризово и отвореното одделение во Велес.
Имено, на најновата набавка на путер ставка 25 во трет дел - зачини и кондиторски производи се набавауваат 1,5 тони путер во пакувања од по 20 грама (несолен , 80% масти). А на претходниот тендер што го добил истиот економски оператор се набавени 50.000 парчиња во пакување од 20 грама од истиот артикал. На новиот тендер вредноста е 28.000 евра без ДДВ , а на претходниот тендер 13.000 евра без ДДВ.
-Од кои причини количината путер е зголемена за 50 отсто за 2023 година во споредба со набавката за 2022 година? Дали е зголемен за 50 отсто бројот на затвореници или лица кои го конзумираат путерот или од други причини е зголемена количината?
-Зошто путерот при набавката го водите во групата зачини и кондиторски производи, а не во млечни производи?
Овде е интегралниот текст на одговорот од КПУ-КПД „Идризово“:
-Јавната набавка на храна е спроведена транспарентно и со почитување на сите законски процедури. Потребите за набавка на храна на КПУ-КПД Идризово и на отвореното одделение во Велес се проценуваат секоја година врз основа на моменталниот број на осуденици и искуството со потрошувачката на храна од минатата година. Притоа, целта е да се обезбедат редовни и разновидни оброци за осудениците за 12 месеци, со точно нормирана енергетска вредност на секој оброк.
Во однос на зголемената вредност за набавката на путер во последната јавна набавка, таа е резултат на зголеменото количество кое се набавува, но и на зголемената цена на овој производ на пазарот.
Што се однесува до категоризацијата на путерот, истата нема никаков ефект врз крајната вредност за јавната набавка на храна, бидејќи ниту една од компаниите учеснички во постапката не реагираше во текот на претходната постапка со барање да се промени категоризацијата.
Нагласуваме дека установите за извршување на санкциите, каква што е и КПУ-КПД Идризово подлежат на контроли и забелешки од европски и други институции за заштита на човековите права кои најмногу реагираат на условите за сместување и на квалитетот на храната во затворските установи. Од тие причини, КПУ-КПД Идризово во континуитет работи на подобрување на квалитетот на храната за осудените лица.
Истакнуваме дека како јавна набавка со вкупна вредност од над 500.000 евра, постапката за набавка на храна за КПУ-КПД Идризово и отвореното одделение во Велес подлежи на задолжителна контрола од Бирото за јавни набавки кое по извршената проверка ја одобри и потврди дека набавката била спроведена законски.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража