26 Април, 2024
0.0302

Управуваат со огромни компании и навиката за успех ја споделуваат со вас

Објавено во: Стил 31 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Двајца од најистакнатите претприемачи во технологијата - Бил Гејтс и Илон Муск имаат заедничка техника на успех што им помага да управуваат со нивните огромни компании, пишува Бизнис Инсајдер.

Иако Гејтс го основа Мајкрософт во 1975 година, го раздвижувајќи ја компјутерската револуција, а денес не работи активно во компјутерскиот бизнис, но е фокусиран на филантропијата, тој ја користи оваа техника со години. Муск ја применува денеска, откако стана ко-основач на PayPal и моментално мора да ја подели својата работна недела на две, помеѓу Тесла и SpaceX, со кои управува. Нивната заедничка навика е следна: тие го планираат секој момент од нивниот ден.

И Бил Гејтс и Илон Муск споделуваат дека правеле планови на работните денови со распределувања до 5-минутни интервали од време.

Која е причината за ова прецизно планирање? Според нив, разделувањето на денот на мали делови може да ја зголеми продуктивноста, посочува магазинот Fast Company.

Покрај тоа, овој тип на интензивно планирање го прави човекот одговорен. Се претпоставува дека со планирање на работите во минути, ќе имате време да се одморите за време на работниот ден. Тогаш не можете само да излезете од работа еден час. Поточно, ќе излегувате за единица време од 8 (или повеќе) единици на време на вашиот работен ден (8 часа).

Професионалци потсетуваат дека креирањето на распоред за личен план исто така може да биде корисно за луѓе кои не управуваат со гигантски филантропски или иновативни технолошки компании. Не е неопходно едно лице да го уништи својот ден на 5 минути - постојат многу различни видови на структури за да се креира распоредот од кои ќе се избере. Само секој треба да знае кој е вистинскиот за него.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти