30 Април, 2024
0.0266

УРЕДЕНИ ПЛАЖИ, НИСКИ ЦЕНИ И ПРИЈАТНА ВОДА: Преспа како магнет ги примами туристите

Објавено во: Стил 29 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Во шпицот на сезоната многумина наместо на море во соседна Грција репија да се разладат во водите на Преспанското езеро.

Пријатната вода, чистиот воздух и убавите песочни плажи натераа многумина одморот да го поминат таму, а сезонава ги урива сите рекорди на посетеност.

Ниските цени се дополнителен фактор сместувачките капацитети на Преспанското крајбрежје да се полни до врв.

За викендите на плажите во Сливница, Претор, Стење, Долно Дупени и Отешево се бара место повеќе, а бројот на посетители надминува 10.000 дневно, што, како што нагласи градоначалникот, е најмаркантниот доказ за туристичката ренесанска која Преспа ја доживува деновиве.

Она што оваа сезона се забележува е поттик за институциите, да поработат и на домашниот туризам во туристичките места како Преспа, каде бројот на сместувачки капацитети е мал.