18 Мај, 2024
0.0325

УШТЕ 770 ДЕНАРИ ДО ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА - во јануари месечниот надоместок бил 29.980 денари

Објавено во: Македонија 23 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2022 година, изнесува 29.980 денари, соопшти Државниот завод за статистика. 

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 106 отсто, што значи дека има пораст за 6 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Но, во однос на претходниот месец, односно во декември минатата година, просечните плати се зголемиле за само 0,1 отсто. 

Односно, во декември лани просечната нето плата изнесуваше 29.943 денари, што значи дека во јануари, во однос на декември лани просечната плата се зголемила за само 37 денари.

Како што е познато, претходната Влада на премиерот Зоран Заев најави дека за време на нејзиниот мандат ќе достигне просечна плата од 500 евра.

Ако се има предвид дека 500 евра се 30.750 денари, излегува дека до таа цел недостигаат уште 770 денари. Дали тоа има изгледи да се оствари во брзо време, со оглед на големата економска криза што го тресе светов и земјава, останува знак прашалник. 

Актуелната Влада на премиерот Димитар Ковачевски во својата програма најави дека ќе достигне просечна плата во земјава од 550 евра.

Инаку, како што јавува Статистика, јануарското зголемување во однос на истиот месец лани се должи пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 13, 9 отсто, други услужни дејности, 13,8 отсто и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, со раст од 11 проценти. 

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство, 8,6 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита, 6,6 отсто и други услужни дејности, со раст од пет отсто. 

Инаку, според најновите податоци на ДЗС, повторно најплатена дејност е компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, каде платата изнесува 78.229 денари, што е зголемување во однос на претходниот месец.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8