Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток
Објавено во: Свет 28 Март, 2024
Во Јапонија уште два смртни случаи се поврзани со конзумирање на диететски додатоци во исхраната направени од црвен квасен ориз, соопшти денеска компанијата „Кобајаши“.
Претходно јапонското министерство за здравство вчера соопшти дека две лица починале и повеќе од 100 се хоспитализации во Јапонија откако го конзумирале производот „бени-коџи“ на компанијата за лекови од Осака.
Компанијата вќера веќе соопшти дека едно лице починало од бубрежна болест откако очигледно земало додатоци „бени-коџи“ околу три години. Вториот смртен случај е пријавен во Министерството за здравство, труд и социјала по отворена истрага во компанијата.
Министерството се сомнева дека производите содржат токсична супстанција, но компанијата засега не може да ја утврди конкретната причина. „Кобајаши“ минатиот петок рече дека добил извештаи за болести поврзани со неговите производи и дека повлекол од пазарот пет од нив, вклучително и околу 300.000 пакувања од неговите додатоци „бени-коџи“.