26 Април, 2024
0.0743

Уште две бремени малолетнички - Што се случува во ЈУ „25 Мај“?

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

По случајот со силуваното 13-годишно девојче, штитеник на Јавната установа за згрижување на деца со воспитни и социјални проблеми „25 Мај“, пријавени се уште две малолетни девојчиња од оваа установа дека се трудни. Едното ја прекинало бременоста, но второто не сака да абортира и инсистира да го роди бебето.

Засега уште не е официјално потврдено дали и овие две малолетнички биле злоупотребувани, како што беше случајот со 13-годишното девојче кое ја дигна јавноста на нозе.

За оваа веста потврдија и од Клиниката за гинекологија, каде што се води бременоста на децата,објави „Независен весник“.

„Едното девојче за кое медиумите веќе пишуваа, како и уште едно друго, се ‘затворени’, односно бременоста им е прекината. Третото девојче има 17 години и не сака да абортира. Навистина, не би сакале да ги жигосаме тие деца со кои судбината грубо си поиграла. Да им ја видите само болката во очите… Од наша страна е направено сѐ прекинот на бременоста да биде изведен најпрофесионално за децата во иднина да немаат репродукциски проблем, кога веќе психолошки се оптоварени“, велат од Клиниката за гинекологија.

На ужасите во „25 Мај“ како да им нема крај. Вознемирувачките информации од таму говорат за тотално потфрлање на институциите, кои место да се грижат за децата што, или немаат родители или доаѓаат од дисфункционални семејства, се препуштени сами на себе, а сами, слаби и незаштитени се лесна мета за насилниците, криминалците и бездомниците.

Извор: „Независен весник“

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите