Уште еден Жан ќе ја води Клиниката за кардиологија
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2018
Можеби е само коинциденција но, во македонската каридиохирургија името Жан и не е така ретко. Овој пат за нов директор на државната клиника за кардиохирургија е одбран Жан Зимбаков кој го наследува доктор Беким Поцеста кој се повлече од раководната функција бидејќи партијата Алијанса за Албанците која го предложи за директор повеќе не е дел од владината коалиција.
Доктор Жан Зимбаков е исто така кардио хирург кој има работно искуство како на Универзитетската клиника за кардиологија, така и во приватната здравствена установа „Филип Втори“ на прочуениот македонски кардио-хирург Жан Митрев.
Зимбаков има диплома за завршен Медицински Факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Р. Македонија, Доктор на Медицина од 1999 година и повеќе специјализации на полето на кардиологијата.