17 Мај, 2024
0.0600

Уште една банка ја гази „короната“ со добивка од 20 милиони евра! Која е таа?

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Нето добивката на НЛБ Банка на крај на септември изнесува над 20 милиони евра што е за 13 отсто помалку од лани. Во корона услови банката го одржала нивото на нето приходи од провизии и надоместоци, ги зголемила нето приходите од курсни разлики и останатите приходи од дејноста, а најголемата приходна ставка е пониска за само 1,3 отсто што е помалку од пола милион евра во однос на лани.

Охрабрувачка вест за малите акционери и за потенцијалните инвеститори на нашиот пазар на капитал. НЛБ Банка, една од трите најголеми деловни банки, оствари нето добивка од 20,6 милиони евра за првите девет месеци годинава. И покрај тоа што добивката во првите девет месеци годинава е за 3,1 милиони евра пониска од лани, сепак со оглед на вонредните економски околности и бројни ограничувања предизвикани од „корона вирусот“
За првите девет месеци НЛБ Банка оствари нето приход од камати во износ од 35,6 милиони евра и тоа е за 1,3 отсто помалку од претходната година, шот повторно е одличен резултат постигнат во вонредни околности предивикани од глобалната здравствена пандемија. Во споредба со големиот конкурент „Комерцијална банка“, НЛБ Банка има за 6,1 милиони евра поголеми нето приходи од камати.

Одличен резултат НЛБ Банка постигнува со втората по големина приходна ставка – нето надоместоците од провизии и надоместоци. И покрај тоа што имаше шеесетдневно ограничување заради вонредната состојба во пролетта кое се одрази негативно и на вкупниот промет и банкарските трансакции на сите банки НЛБ успеа да прокнижи 13,1 милиони евра нето приход од провизии и надоместоци што е за само 53.000 евра помалку од истиот период лани. Вреди да се истакне дека банката успешно ги менаџирала помалите деловни операции. На пример суфицитот од нето курсните разлики за првите девет месеци е 3,1 милиони евра и тоа е за 37 отсто подобро од претходната година. Одличен раст има и кај останатите приходи од дејноста кои во споредба со истиот период лани се повисоки за 68 отсто односно за 2,65 милиони евра.

Во овој период резевациите на кредитните пласмани достигнале 7,2 милиони евра и тоа е за 2,3 пати повеќе од претходната година. Значаен раст има и кај загубата заради оштетување нефинансиски средства која изнесува 784.000 евра и тоа е за 11 пати повеќе во споредба со претходната година.

Кај билансот на состојба видлив е висок раст на вложувањата на банката во државни хартии од вредност. Тие на крај на септември изнесуваат 241 милиони евра и се за 63,7 милиони евра поголеми во споредба со крајот на 2019 година. Кредитите достигнале ниво од 939,5 милиони евра и тоа е за 50 милиони евра повеќе од состојбата на 31 декември 2019 година.

Депозитите на коминтентите достигнале 1,24 милијарди евра и тоа е за 62,5 милиони евра подобар резултат во споредба со крајот на 2019 година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи