26 Април, 2024
0.0277

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ГИ КРАТИ ПАРИТЕ: Помал детски додаток за гастербајтерите

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

По Германија, и Австрија има намера да ја намали висината на детските додатоци што ги примаат децата на странските работници чии семејства не живеат во Австрија и да ги прилагоди на стандардот на земјите во кои живеат. 

Висината на детските додатоци за странците би се прилагодила според животните услови и стандардот на земјите од кои доаѓаат работниците. 

Оваа информација ја  објавија денеска словенечките медиуми.

Предлог законот што оваа недела во парламентот ќе го поднесат двете најмоќни австриски партии, Народната партија и социјалдемократите СПО, кои се дел од владејачката коалиција, предвидува дека на тој начин ќе имаат заштеда од 100 милиони евра во државниот буџет.

Најмногу пари на име „детски додаток“ гастербајтерите лани од Австрија добивале во Унгарија, 65 милиони евра, а понатаму следат Словачка со 60 и Полска со 37 милиони евра. Дел од детските додатоци се испраќаат и во Романија, Чешка и Словенија.

Австрија годишно за детски додатоци исплаќа 3,4 милијарди евра, а со намалувањето на овој додаток за децата на странците, трошоците би се намалиле за околу 100 милиони евра затоа што детските додатоци во земјите од каде што доаѓаат работниците се значително пониски.

Во земјите од кои има најмногу гастербајтери, детскиот додаток се движи од 20 до 40 евра, додека во Австрија тој изнесува од 110 до 160 евра. 

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти