УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Четири кучиња искасале жена во Илинден
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2017
Џ.Б.(38) од скопската населба Илинден вчера во полиција пријавила дека додека се движела по улицата 19 во населбата ја нападнале четири кучиња скитници.
Според тврдењето на жената едно куче ја каснало за грбот. Откако паднала на асфалтот другите кучиња ја влечеле за облеката, по што минувачи дошле на помош и ги избркале кучињата. Жената побарала лекарска на скопските клиники.
Во последните две недели имаше повеќе вакви случаи каде агресивни кучиња нападнаа луѓе. Деца беа искасани во Ново лисиче, а мајка со дете беше нападната од куче во Маџари.