26 Април, 2024
0.0320

До кога вртоглави суми за патни трошоци - Пратениците договораат измени

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Пратениците од сите парламентарни партии и натаму немаат единствено и конкретно решение со кои ќе воведат законски измени на одредбите за надоместување на патните трошоци кои се огромни и доведоа до бројни сомнежи за злоупотреби. Вртоглавите суми за патни трошоци и натаму ќе продолжат без оглед на декларативната заложба на дел од партиите за измени, па сега полека се креира политичка волја и кај владејачките и кај опозициските партии за измени. 

Дел од пратениците ќе го поддржат предлогот на СДСМ за намалување на патните трошоци, но дел од нив пак очекуваат Собранието да понуди повеќе опции што ќе им бидат ставени како избор на народните избраници.

Пратениците од власта веќе доставија  до Собранието законски измени со кои надоместокот за литар гориво ќе се намали од 30% на 15% по  километар, а пратениците покрај фискалните ќе треба да приложуваат и евиденција од платежни картички кои што ќе бидат доказ дека лично ја платиле патарината.

Пратеничките групи за ТВ 24 велат дека вакво законско решение не може да биде предлог на една партија и една пратеничка група, туку мора да биде решение договорено со консензус од сите.

За повеќе опции се и пратениците од ДУИ.

„Ќе чекаме да биде готова анализата што ја нарача претседателот Џафери, па потоа ќе се изјасниме. Ние сме да се понудат повеќе решенија, а пратениците да си изберат што им одговара...дали да бидат сместени во стан во Скопје, но сепак да им биде платено да одржуваат контакт со изборната единица или да патуваат секој ден“ Ејуп Аљими, координатор на ДУИ.

„Се уште ги немам разгледано, меѓутоа не ми претставува проблем да поддржам било какво решение по однос на патните трошоци“ вели Мерал Узеири-Ферати, пратеничка од ДПА, која доаѓа од Тетово .

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште не учествува во работата Собранието но, ќе поддржи домаќинско работење на пратениците.

„Ќе поддржиме секое решение кои се однесува на штедење и намалување на трошоците, иако изминатите месеци до полн израз дојде хипокризијата и лицемерието на СДС во врска со ова. Имаме расипничка власт која што само од Нова година до денес, секое семејство во Македонија, го задолжи за 70.000 денари“ изјави Влатко Ѓорчев, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Алијансата на Албанците велат дека кога ќе имаат конкретен став ќе го соопштат на прес конференција. Според деловникот претседателот има три дена да ги разгледа законските измени пред тие формално да бидат проследени, а техничките служби да проверат дали законите се уредно напишани или треба да се вратат на доработка. Од кабинетот на Џафери велат дека законите стигнале во петокот.

„Се уште не се знае кога законските измени ќе бидат ставени на дневен ред. Тие прво ќе бидат испратени до пратениците. Претседателот има три дена да ги разгледа, а потоа рок од 20 дена да ги стави законските измени на дневен ред на Собранието“ - велат од Собранието.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот