06 Мај, 2024
0.0256

Уште пет лица кривично ќе се гонат за настаните во Собранието

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска до Основно јавно обвинителство – Скопје, а врз основа на предгледани видео записи добиени од медиумски куќи, како и видео записи од безбедносните камери во Собранието на Р.Македонија, поднесе ново известување со кое се дополнува претходно поднесената кривична пријава против 15 лица за настаните случени на 27 април во Собранието. 

„Притоа кривично се пријавени уште пет лица за кои постојат основи на сомневање дека извршиле кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл. 385 од КЗ на РМ. Кривично пријавени се лицата Д.П. (33) од Скопје, Т.Т. (53) од Куманово, В.Т. (40) од Скопје, И.С. (44) од Велес и В.Ц. (33) од Скопје, кои со употреба на физичка сила, насилно влегле во Собранието во време кога се одржувала прес конферецијата за избор на претседател на Собрание при што со употреба на физичка сила и закани сториле насилства спрема луѓе и оштетиле имот. Имено, откако пријавените влегле во салата 3 во Собранието на Република Македонија, И.С. со фантомка на главата упатувал закани и пцовки кон присутните со што кај нив предизвикал страв и загрозеност, по што ја извадил фантомката и не преземал други дејствија, Т.Т. со тупаници ги нападнал пратениците и фрлал со тврди предмети кон нив и нивното обезбедување, В.Т. со лакт ја удрил пратеничката Р.Ш. во пределот на грбот, а со ПП Апарат прскал дел од пратениците кои биле во близина на лифтовите. Пријавениот В.Ц. кон претседателот на СДСМ упатувал пцовки и закани, притоа употребувајќи разни заканувачки гестикулации, а Д.П. со тупаница го нападнал пратеникот А.Г., а навредувал и други пратеници и присутни“ - информираат од МВР. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности со цел идентификување и документирање и на други лица учесници во настаните случени на 27 април во Собранието  за што јавноста дополнително ќе биде известена.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува