26 Април, 2024
0.1752

Успеа ли светот да ја скроти инфлацијата?

Објавено во: Анализа 04 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Изминативе години се проследени со една интересна монетарна дебата меѓу економистите. Дали е потребно поголемо трошење на државата или е потребно намалување на трошоци!? Драстично зголемените биланси на централните банки предизвикуваат сериозен страв помеѓу некои економисти околу тоа дека не очекува период на огромна инфлација и раст на каматите што неминовно ќе не однесе до нова криза од која нема враќање назад. Токму поради тоа тие постојано инсистираат дека ваквите политики мора да бидат запрени. Од друга страна голем е и бројот на таборот кој вели дека државата или централните треба да интервенираат и дека тоа е лекот, а за инфлацијата ќе се бара решение. Сепак засега мора да признаеме, од инфлацијата нема ни трага ни глас (на глобално ниво): Во 80-те години пазарите кога биле прашани за инфлација во наредните 10 години одоговорот бил дека се очекува инфлација од 5%. Денеска тие очекувања се дека инфлацијата ќе биде 1,5%, што е значително помало ниво. ММФ прокетира за светот инфлација од 2% и 6% во растечките пазари. Еве како било низ годините: Светската Банка собира податоци за 175 земји Првите 10 години од новиот милениум имаме инфлација помала од 8% Декада која започнала во 1991 имала инфлација од 66% Декада која започнала во 1981 имала инфлација од  48% Во 2012 година најголема инфлација имало во Белорусија – 66% Во 1993, вкупно 20 земји имале инфлација над Белоруската во 2012 Зошто сега е толку различно? Една од главните причини е што нафтата си расте полека и ги нема оние големи шокови од 70те и 80тр години. Ова е една од најголемите причини поради кои делува дека светот ја добил битката со инфлацијата. Централните банки сами ги носат одлуките. Односно притисокот од политичарите е помал. Доколку се сетиме на инфлацијата во Србија од 90тите ќе видиме дека е од големото влијание на власта кон банката. Добро е што има помалку луѓе што може на ваков начин да диктираат политики. Таргетирана инфлација – се користи во се повеќе земји, а тоа значи модел кој значи поголема сигурност за она што ги очекува пазарите во иднина. Значи доколку дојде до ниво над таргетираното се влијае од страна на банката и всушност, со самата одлука за таргетирана инфлација работите се самоисполнуваат. Редакција Фактор