24 Јуни, 2017
0.1686

УСПЕШЕН БИЗНИС: Го продава сето брашно што ќе го произведе

Објавено во: Агробизнис 25 Февруари, 2017

Кога веќе не знаел што да прави со вишокот тикви кои ги има, Тихомир Сотинац од селото Оток кај Винковци, одлучил да направи од нив брашно. 

За само неколку месеци ги продал залихите. Сотинац има полни раце работа, а од еколошки произведените тикви прави брашно. 

Оваа година планира двојно да ги зголеми површините. Ова безглутенско брашно е барано и ценето во Хрватска. 

„Тиквата ја сечеме како чипс, ја носиме во сушара, сушиме и мелеме. Нема адитиви, нема ништо, тоа е чист концентрат од тиква. Брашното ќе оди во Ирска, Англија и во еден ланец во Европа, и во три трговски ланци во Хрватска“ - раскажува Сотинац. 

Тој има 4 постојани, и 50-тина сезонски работници. 

Овој бизнис е исплатлив затоа што килограм од оваа тиква чини 4 куни, а килограм брашно од неа е 100 куни. 

„Од 10 килограми тиква добиваме еден килограм брашно. Значи, му доаѓа 10 на 1“ - додава Сотинац. 

Раскажува дека можно е наскоро ова брашно да се продава и во Америка. 

Можеби ќе ве интересира

Ќе се спасуваат земјоделците со дополнителна финансиска поддршка

Ќе се спасуваат земјоделците со дополнителна финансиска поддршка

Николовски им даде ветер во грб на овоштарите чии праски завршија на депонии

Николовски им даде ветер во грб на овоштарите чии праски завршија на депонии

Расфрлани праските по улица-Градско-Прилеп под „опсада“

Расфрлани праските по улица-Градско-Прилеп под „опсада“

Кај соседите ова овошје сега е најисплатлив бизнис

Кај соседите ова овошје сега е најисплатлив бизнис

Црни прогнози за жетвата на пченицата

Црни прогнози за жетвата на пченицата