04 Мај, 2024
0.0247

УСТАВНИОТ СУД СО ПОИНАКВА ОДЛУКА - поведе постапка за Законот за банки, што ќе прави сега Фондот за осигурување депозити?

Објавено во: Финансии 21 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки, според кој, побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители. Судот изрази сомнеж за уставноста на оспорената законска одредба.

Инаку, како што е познато, уставните судии пред неполни два месеца одлучија да не поведат постапка по иницијативата поднесена за истата одредба од Законот за банки.

Иницијативата до Уставниот суд е поднесена од Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи". Од Здружението велат дека сите штедачи треба да бидат третирано еднакво и тие со штеден влог до 30.000 евра и тие што имале над 30.000 евра, но и фирмите, кои во домашните закони не се заштитени со минимална сума при пропаѓање на банка.

Од Министерството за финансии посочија дека Фондот за осигурување депозити ја одржал довербата на граѓаните во домашниот финансиски систем, бидејќи депозитите на домаќинствата претставуваат сигурен и најевтин начин за финансирање на домашната економија.

Фондот е државна сопственост, гарантира покривање на одредено осигурено ниво на наплата на депозити на физички лица во банките на територија на Македонија и неговата финансиска одржливост е неопходна за целокупниот банкарски сектор во државата..

Според Фондот за осигурување на депозити, најголем дел од штедните влогови на граѓаните во банките и штедилниците се осигурани во Фондот, кој во моментов има средства над законски утврдениот минимум. Оттаму посочуваат дека имаат на располагање механизми, доколку дојде до исцрпување на фондот за сигурност и се јави потреба за исплата на обесштетување, односно настане ризичен настан.

Од Министерството за финансии согласно Стратешки план за 2021-2023 година, најавуваат измени и дополнување на Законот за фондот за осигурување на депозити со кои се предвидвидува обесштетување и на депозитите на правните лица во банките и штедилниците во кои настанал ризичен настан, пренесува МИА.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата