17 Мај, 2024
0.0330

Усвоен полугодишниот извештај за Буџетот - колкави се приходите и расходите?

Објавено во: Економија, Корона Вирус 05 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Усвоен е полугодишниот извештај за Буџетот на земјава на денешната седница на Владата. 

Владата  го разгледа и усвои Извештајот за извршувањето на Буџетот на Република Северна Македонија во периодот јануари – јуни 2020 година.

„Во полугодишниот извештај за извршување на Буџетот кој е реализиран во услови на пандемијата од КОВИД-19 и во вонредна состојба, во резимето се констатира дека бруто-домашниот производ во првиот квартал (К1) од 2020 година забележа годишен раст од 0,2% на реална основа, при позитивен придонес врз растот на домашната побарувачка и негативен придонес на нето-извозот, во услови на пад и на извозот и на увозот. Бројот на вработени во K1 во 2020 година е повисок за 2,7% во однос на истиот квартал во 2019 година, а бројот на невработени се намали за 8,6%, што резултираше со намалување на стапката на невработеност на 16,2%. Во резимето на Извештајот за извршувањето на Буџетот на Република Северна Македонија во периодот јануари – јуни 2020 година е регистрирано дека стапката на инфлација во првото полугодие од 2020 година изнесува 0,5%, што е главно резултат на зголемените цени на храната за 1,7%, при намалување на цените на енергенсите“, информираат од Владата. 

Вкупните буџетски приходи се реализирани во износ од 87.437 милиони денари, што претставува 44,4% од планираниот износ за 2020 година, а вкупните расходи на Буџетот се реализирани во износ од 113.387 милиони денари, што претставува 46,7% од годишниот план.

Во периодот јануари-јуни 2020 година остварен е дефицит на Буџетот на Република Северна Македонија од 25.950 милиони денари, што претставува 3,8% од проектираниот БДП за 2020 година, државниот долг на Република Северна Македонија на крајот на првиот квартал од 2020 година изнесува 41,8% од БДП, додека јавниот долг претставува 50,7% од БДП.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија