19 Мај, 2024
0.0262

УЖАС НА СКИЈАЧКАТА ПАТЕКА НА КОЗАРА: Млад човек паднал под машината за рамнење на снегот, се бори за живот

Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Некогаш желбата за што поголема зимска авантура може да заврши несреќно.

Млад човек од Бања Лука на 28 години бил сериозно повреден во вторникот вечерта додека скијал на ски-центарот на Козара и неговиот живот е во опасност, дознава Српскаинфо, а пренесува Курир.рс.

Според порталот, младиот човек бил на ноќно скијање со своите пријатели во вторникот, а трагедијата се случила кога ски-лифтот престанал да работи.

„Младиот човек беше речиси на дното од патеката кога жичарата престана да работи. Тој започна да се искачува кон врвот на патеката и во тој момент ратракот, односно машината за рамнење на снегот, започна да ја прави патеката", објаснил изворот Српскаинфо.

Младиот човек го замолил возачот на ратракот да го однесе на врвот на патеката, и тој се качил на автомобилот.

„Додека тие се искачуваа на врвот, делот каде што седеше младиот човек распука и тој падна под ваљаците на ратракот. Во таа прилика тој се здоби со многу тешки и опасни по живот повреди. Во моментов тој се наоѓа во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска“, истакнал соговорникот на Српскаинфо.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел