Вајгл, Кукан и Флекенштајн доаѓаат во Македонија - која е целта на посетата?
Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2018
Европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн на крајот на февруари ќе допатуваат во Македонија за да се договори новиот датум за средбите во рамките на процесот „Жан Моне“.
Засега нема одговор од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе учествуваат на средбата, вели Вајгл во интервју за МИА.
Средбата би се одржала во март во Париз.
Според известувачот за Македонија во Европарламентот, она што недостига е конструктивна соработка на сите партии застапени во Парламентот.
Тој додава дека бојкотот не е инструмент што би бил прифатлив за демократските држави. Би било оправдано да се очекува Македонија, чија Влада презеде чекори за решавање на спорот со името со Грција и исто така паралелно работи на посочените реформи, како што вели Вајгл, годинава да добие одлука за почеток на преговорите.
Вајгл вели дека политичката ситуација во Македонија по конституирањето на Парламентот и на Владата е во нагорна линија.