26 Април, 2024
0.0727

Вајгл: Ситуацијата во Македонија е сериозна и можни се и најцрните сценарија

Објавено во: Македонија 24 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Европратеникот Иво Вајгл изјави дека ситуацијата во Македонија е сериозна и дека се можни и најцрните сценарија, како и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски им кажал дека ќе оди до крај, бидејќи не сака да лежи во затвор, пренесува Ал Џезеира.

„Ситуацијата во Македонија е многу сериозна, но сè уште не е крајно алармантно. Секој ден нешто се случува. Сега во Собранието се договорија за некаква кадровска комисија. Оние кои треба да формираат влада дозволија претседателот на Комисијата да биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, така што ова е знак на толеранција“- изјавил Вајгл за агенцијата Анадолија.

Според пратеникот, тие кои што сега имаат парламентарно мнозинство, предводени од СДСМ, имаат и друга можност за формирање влада.

„Тие можат, на основа на мнозинството кое што го имаат, доколку дојде до свикување на парламентот, да изберат влада и да го заобиколат Иванов“ - смета Вајгл.

Вајгл вели дека ВМРО-ДПМНЕ безкомпромисно повикува луѓе на улица и тие маршираат. Се плаши дека работите на улиците може да ескалираат.  Не сака да зборува за најцрни сценарија, меѓутоа, такви се можни, смета Вајгл и додава дека секој ден има сè повеќе поттикнување на омраза против Албанците. Вајгл смета дека и другата страна го прави истото.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката