27 Април, 2024
0.0308

Вака финансиските институции го прогнозираат исходот од фудбалското првенство

Објавено во: Стил 09 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Не само кладилниците, туку и сериозни финансиски институции од целиот свет се обидуваат да го предвидат исходот на Светското фудбалско првенство што треба да започне за три дена во Бразил. Американската мултинационална инвестициска банка Голдман Сакс, користејќи се со најсофтицирани компјутерски програми во кои уфрли податоци за историјата на светските фудбалски првенства, го предвиде исходот на секој од 64-те натпревари што ќе се одиграат во Бразил. Според тие резултати кои денеска се објавени во публикацијата The World Cup and Economics 2014, банкарските аналитичари предвидуваат дека полуфиналисти на СП ќе бидат Бразил, Германија, Аргентина и Шпанија. Во финалето би играле Бразил и Аргентина, а светски првак ќе биде Бразил, прогнозираат од оваа институција. Дека домаќинот ќе биде првак на светот прогнозира и Блумберг спорт. На посебна страница, каде што и вие можете да ги прогнозирате резултатите, Блумберг во полуфинале ги гледа истите четири репрезентации, додека во финалето смета дека ќе се соочат Бразил и Шпанија, по што победник ќе биде Бразил. Слични се предвидувањата и на италијански Уникредит, според чиј модел пласман во полуфиналето на Светското првенство ќе обезбедат Бразил, Аргентина, Уругвај и Германија, а во финалето Бразил би ја победил Аргентина.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти