ВАЛУТИ: Eврото скокна во однос на доларот
Објавено во: Економија, Корона Вирус 27 Мај, 2020
Еврото e на двомесечен максимум во однос на доларот.
Единствената валута на еврозоната скокна во однос на доларот во еден момент на дури 1.1031, пред да се стабилизира на ниво од 1.1017 долари. OвА и понатаму е раст од 0,3 проценти.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на корпата на ривали, падна за 0,2 проценти на 98.811 поени.
Еврото беше под притисок од намалувањето на вредноста во март, кога инвеститорите побрзаа да вложуваат во безбеден долар.