02 Мај, 2024
0.3278

ВАЛУТНА ВОЈНА: Избор меѓу чума и колера

Објавено во: Анализа 14 Август, 2013

Добивај вести на Viber

САД ги туркаат брзорастечките економии кон работ на амбисот. Преса е реформата во финансиската политика на ФЕД. Таа предизвика раст на каматите во САД со што вложувањата таму станаа многу поатрактивни. На тој начин се зголеми курсот на доларот. Звучи самоуверено и моќно. Турската Централна банка „нема да дозволи негативните влијанија од глобалните пазари врз финансиската  стабилност на Турција“- порача Анкара. Веднаш реагираше валутата, курсот на лирата повторно малку се зголеми. Сепак, она што на прв поглед изгледаше како успешно закрепнување на пазарите, во реалноста е депримирачки акционизам. Не само Турција, туку речиси сите брзорастечки земји се борат да ги заштитат своите валути од пропаст. Во последните три месеци турската лира загуби 8% во однос на американскиот долар, додека пак јужноафриканскиот ранд 10%, а индиската рупа дури 12%. Политичарите во брзорастечкте економии во паника Другата страна на паричката е тоа што инвеститорите ги повлекуваат парите од брзорастечките економии со што ги ослабуваат локалните валути во однос на доларот. Она што наизглед не е толку страшно, кај многумина политичатри од брзорастечките економии сепак предивзикува се поголема паника, бидејќи со ова се поврзани трансферите на капиталот на финансиските пазари. Само за една недела инвеститорите повлекоа 1,3 милијарди долари од фондот на брзорастечките економии. Во изминатите седум недели пак фондовите и финансиските пазари од овие земји мораа да интервенираат против одливот на капиталот со околу 15 милијарди долари. Ова е особено тешко за Турција чијашто тековна сметка и онака постојано е во негатива па константно мора да се влева капитал во зејмата заради порамнување. Закана од маѓепсан круг на девизните пазари Значи воопшо не треба да не чуди што Анкара е алармирана и што реагира вака како што реагира. Турската Централна банка во последно време интензивно продава долари на финансиските пазари. Минатиот месец сумата достигна речиси 10 милијарди долари. И другите Централни банки, од индонезиската, преку јужноафриканската, па се до тајландската, преземаат слични чекори. Сите буквално фрлаат долари на пазарот за да спречат лизгање на нивните национални валути во однос на доларот. Од една страна, нискиот конвертибилен курс е добар за извозот на овие земји бидејќи поевтинува, но од друга страна, увозот станува поскап, особено на суровини, што резултира со инфлаторен притисок. Дополнително, овие земји влегуваат во негативна спирала. „Постои ризик дека евентуална девалвација на валутите на овие земји ќе предизвика продажба на акции и обврзници, зашто странците би морале нив да ги ограничат преку обезвреднување на загубите што настануваат“, смета Матијас Тил, од германската банка М.М Варбирг. Тил додава дека: „Во екстремен случај ова би можело да го забрза веќе започнатото обезвреднување, со што би влегле во маѓепсан круг“. Токму затоа, Централните банки даваат се’ од себе за да го спречат ваквото сценарио. Но, сомнежите дека ќе успеат, растат. „На крајот на краиштата, од ова нема полза, бидејќи постојат малку Централни банки коишто можат да си дозволат долгорочни интевренции на пазарите. Навистина ми е жал, но турската не е една од нив“, изјави Беноа Ан, шеф на стратегијата за брзорастечки земји на Сосиете Женерал, на која што Турција најмногу се потпира. Слична е состојбата и со другите брзорастечки економии. Оттука потекнува и следниот чекор на Турција: најава за зголемување на каматите Тоа веќе го направи Јужна Кореја, а најверојатно ќе го стори и Бразил. Повисоките каматни стапки треба повторно да ги привлечат инвеститорите со што би се дала поддршка на домашните валути. Но, зголемувања на каматни стапки е последното нешто што и’ треба на економијата, бидејќи на многу места коњуктурата почнува да расте, а повисоката цена на капиталот може да ја инхибира. Поради ова, земјите се наоѓаат пред две можности: да изберат чума, или колера. Русија слави за слабеење на рубљата Единствената брзорастечка економија која што моментално е задоволна со ослабнувањето на сопствената валута е Русија. Руското министерство за финансии веќе најави дека од крајот на август дневно ќе продава од 40 до 50 милиони долари за, како што беше соопштено, дополнително слабеење на рубљата. Причина за ова е што Русија живее пред се’ од продажба на нафта што се тргува во долари, а при послаба руска валута во државната каса би се слеале повеќе рубли. Една друга земја е безгрижен гледач на претставата- Кина. Нејзината валута и онака многу цврсто е врзана за доларот. На ова се надоврзува и богатството со девизни резерви од преку 3 илјади милијарди долари. На овој начин Пекинг, доколку е потребно, би можел да интервенира на финансиските пазари со месеци, ако не и со години, за да го заштити курсот на својата валута. Но, Народната Република сака уште повеќе: Кина се обидува да ја искористи сегашната состојба за да ја зајакне сопствената валута на меѓународните девизни пазари. „Доларот многу варира. Тоа оптеретува многу држави и затоа се’ погласни се барањата за реформа на валутниот систем. “, неодамна изјави Џи Жихонг, шефот за аналитика во Централната банка во Пекинг. “На пазарот му е потребна засилена улога на ренмимбито (кинеска национална валута), коешто со текот на времето би се издигнало како резервна валута на доларот и еврото“- смета Жихонг. Пекинг се’ повеќе склучува меѓудржавни трговски договори во својата национална валута. И не случајно повеќето од овие договорни партнери се останатите брзорастечки економии. Кинеските лидери многу добро знаат дека колку една национална валута е поважна во меѓународната трговија, толку полесно таа земја може да ги оствари економските интереси. Проблемите секогаш им припаѓаат на другите, на Анкара, Џакарта, или Њу Делхи. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад