Вардар го совлада гигантот Барселона, ќе игра историско финале во ЛШ
Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2017
Машката ракометна екипа на Вардар ја совлада Барселона во полуфиналниот натпревар на Фајнл Фор турнирот на Европската лига на шампиони. Вардар е првиот македонскимашки тим кој ќе игра финале во ЛШ и за титулата утре ќе се бори со француски ПСЖ.
Вардаровите ракометари целиот натпревар го играа во егал со гигантот Барселона и беше неизвесно до последните секунди. Најпрво Лазаров проба да ги расипе сметките на црвено-црните со изедначувачки погодок. Сепак, во последниот напад младиот Лука Циндриќ со доволно лукавост, храброст и вештина го совлада одличниот голман Де Варгас и на три секунди пред крајот му ја донесе историската победа на Вардар.