19 Мај, 2024
0.0460

ВАЖНИ ОДЛУКИ: Еве како да ја одберете вистинската опција

Објавено во: Стил 11 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Се наоѓате на животна крстосница и не знаете што понатаму? Пред вас стои предизвикот да ја одберете вистинската опција. Во тој случај треба да земите во предвид кои се вашите краткорочни цели и целите на долг план, кои се трошоците и придобивките и што од нив две преовладува. Никогаш не се знае дали сте ја одбрале вистинската одлука, но кога го правите тоа одбегнете ги следниве погрешни начини на одлучување: Импулсивно – никогаш не носете одлуки пред „да ги преспиете”. Брзоплетите одлуки без размислување често се погрешни. Фаталистички – неодлучни сте и едноставно одлучувате да препуштите се на околностите Имитирачки – кога одлучувате не се потпирајте на мислењето или стапките на други Одложување – не ја оставајте одлуката да ја правите во последен момент. На тој начин повторно ќе ја изберете импулсивно. Големите одлуки во животот не е лесно да се донесат, затоа треба да си посветите време на себе си и да размислите кои се вашите амбиции и потреби во животот. Бидете сигурни дека зад одлуката можете цврсто да стоите и да го браните вашиот избор, па дури и пред самите себе си.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“