Добивај вести на Viber
Meтеорологот Славчо Попоски вели дека и утре ќе имаме студено време. Доста студено утро ќе биде утрешното кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени.
„Веќе од утре па натаму максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на позначителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени. Сепак нестабилното време и понатаму ќе се задржи кај нас и ќе има услови за попладневна локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Значи локална појава на врнежи ќе има и во следниот период“, вели Попоски.
Температурата на Попова Шапка вчера се спушти до 0 степени каде имаше појава и на снежни врнежи, а се формираше и помала снежна покривка.
Попоски вели дека во текот на вчерашниот ден снежната граница се спушти до околу 1.700 метри и тоа особено во северната половина од државава.