27 Април, 2024
0.0351

ВЕ ИНТЕРЕСИРАШЕ, СЕГА ДОЗНАЈТЕ: Што се случува со храната што се конфискува на аеродромите!

Објавено во: Стил 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Секој ден на аеродромите ширум светот се конфискуваат тонови храна и пијалоци кои не се дозволени за пренесување во рачниот багаж. Често не станува збор за шверц, а патниците едноставно забораваат дека е забрането да качат пијалоци и одредени видови на храна во авионот со себе. Што сепак се случува со конфискуваното? Дали вработените на аеродромот го делат меѓу себе? Ништо слично.

Во неколку земји конфискуваната храна (а и предметите кои не се вредни) директно се горат. За целта постојат специјални печки.

Доста аеродроми во земјите од ЕУ се одлучија за друга опција - храната и пијалоците се собираат во контејнери, кои потоа се праќаат во фабрики за преработка. Можно е шишето, од кое сега пиете вода, да има молекула од некое кое некогаш ви го земале на аеродром.

На њујоршкиот аеродром „Џон Кенеди“, пак, дури има посебна соба со машина која ја дроби храната на ситни парчиња. На ден тоа се случува со околу 300 килограми овошје и зеленчук.

А зошто вработените не ја земаат храната за себе или не ја донираат на некои кои имаат потреба? Бидејќи хипотетички е можно таа да е заразена. Лабораториските анализи се бавни и скапи и е посигурно производите да не се консумираат.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти