04 Мај, 2024
0.0277

ВЕЧЕРВА ЖЕСТОКО ТЕЛЕВИЗИСКО СООЧУВАЊЕ - што ќе си кажат газдата и екс директорот на пропаднатата банка, сега најголеми непријатели

Објавено во: Финансии 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Вечерва ќе има телевизоско соочување меѓу сопственикот на пропаднатата банка Трифун Костовски, и претходниот директор на неговата Еуростандард, сега во стечај, Николче Петковски, за кого Костоски во целиот овој изминат период тврди и го посочува како главен виновник за пропаста на неговата банка. 

Оваа информација ја сподели Здружението на оштетени штедачи. 

„Здружението на Оштетени штедачи на Еуростандард Банка преку ова соопштение би сакале да ја известиме пошироката јавност дека во четврток 26.11.2020 со почеток во 18.15 часот на Телевизија ТВ24 за прв пат од кога излезе на виделина КРИМИНАЛОТ направен во Еуростандард Банка, јавно на медиум во живо ќе се соочат дел од учесниците во тој КРИМИНАЛ. Имено, во дебатната емисија 24 Отворено која ќе ја води Младен Чадиковски, најавени учесници со присуство ќе бидат поранешниот сопственик на банката Трифун Костовски, претставник на нашето Здружение, и линковски со вклучување во живо поранешниот и долгогодишен Претседател на Управниот одбор Николче Петковски, како и Директорот Управата на Финансиска Полиција Арафат Муареми. Уредно беше поканета и Гувернерката на Народната Банка Анита Бежовска но своето присуство не го потврди, од причини за нас добро познати. Здружението на Оштетени Штедачи на Еуростандард Банка ја поздравува оваа иницијатива и воедно апелира и до останатите медиуми да ја следат оваа иницијатива и да продолжат со својата помош во борбата за вистината и правдата! Борбата продолжува за вистината и правдата!“, се вели во соопштението од оштетените штедачи.

Фактор веќе пишуваше дека на Костовски ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција му го замрзна целиот имот, вреден над 100 милиони евра, нему и на потесното семејство. Ова е во функција на постапката која ја води Обвинителството.

Трагата на парите ја следи и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, кој исто така е најавен дека ќе учествува на соочувањето.

Како што е познато, НБМ и ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка на 12 август годинава, по што врз банката беше оптворена стечајна постапка. 

Од стечајот сигурно нема да може да се наплатат 55 милиони евра од кредити кои биле ненаплатливи, поради што нема да има доволно пари да се подмират штедачите кои во банката чуваа над 30 илјади евра. 

Можеби ќе ве интересира

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место