Добивај вести на Viber
Од март, кога од „Facebook“ соопштија дека постепено ќе ја пуштаат можноста за испраќање на пари преку „Facebook Messenger“ за сите американски корисници поминаа неколку месеци пред ветувањето на компанијата да се исполни.
Жителите на Њујорк и околните населени места конечно сите кои се наоѓаат во САД и ја користат предметната апликација за комуникација, може да имаат корист од новата функционалност.
Потрошувачите треба да ја поврзат дебитната картичка, а безбедноста ќе се обезбеди преку воведување на „PIN“ или користењето на „TouchID“ на „iPhone“ и „iPad“. Сигурно оваа вест не ни влијае директно во Европа, но пак колку повеќе корисници имаат пристап до услугата, толку поверојатно е таа наскоро да стане достапна и кај нас.