Велешанец заврши во амбис со тешки телесни повреди
Објавено во: Македонија 23 Април, 2017
Рано утрово на 1,4 километар од надвозникот за селото Виничани кон Велес возило „голф 3“ управувано од М.Ц. 26 од Велес изгубило контрола и излетало на десната страна на коловозот, па возачот завршил во амбис.
Повредениот во 7,35 часот бил пренесен во болницата во Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди, па поради сериозноста на состојбата бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес.