26 Април, 2024
0.0371

„Велт“: Словенија не се наоѓа меѓу финансиски ризичните земји во еврозоната

Објавено во: Свет 09 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Поранешниот главен економист на „Дојче банк“, Томас Маер изработи формула, заснована врз искуствата од претходните три години, која, како што тврди тој, може да покаже колку блиску до финансиски колапс се наоѓа секоја од земјите во еврозоната.

Маер за германскиот весник „Велт“ истакна дека Словенија е во многу поволна позиција, а помали ризици им се закануваат само на Германија и Естонија.

Според формулата на Маер, добрата позиција Словенија ја зазема благодарејќи на суфицитот на тековната сметка, ниската задолженост на државата и релативно малиот финансиски сектор (под 150 отсто од бруто домашниот производ).

Поради релативно нискиот јавен долг, Словенија дефинитивно може сама да ги реши проблемите во банкарскиот систем, но берзите поради ситуациите во Ирска, Шпанија и Кипар, се сомневаат во тоа.

Во меѓувреме, Организцијата за економска соработка и развој ја предупреди Словенија дека решавањето на сериозната банкарска криза треба да биде главен приоритет на Владата во Љубљана.

- Заздравувањето на банкарскиот сектор е главен приоритет. Словенија се соочува со долготрајна криза и ограничени пристапи до финансиските пазари. Потребни се дополнителни и големи реформи во што пократок период со цел да се избегнат застрашувачки последици, наведува ОЕЦД.

Организацијата наведува дека е потребно да се докапитализираат банките кои можат да се спасат, а неодржливите да згаснат, повикувајќи ја Словенија да ги приватизира државните банки.

Маер состави листа на која земјите се рангирани според веројатноста дека ќе потклекнат под притисокот на должничката криза, што, пред се, зависи од нивната зависност од странски капитал за финансирање на приватни инвестиции и јавниот долг, од нивото на буџетскиот дефицит и државниот долг, како и од големината на финансискиот сектор.

Според очекуваното, на врвот на листата се наоѓа Кипар, а потоа следуваат Ирска, Португалија, Шпанија и Грција, земји кои веќе имаат побарано меѓународна финансиска помош.

Најмалку подложни на ризици се Естонија, Германија, Словенија, Словачка, Финска, Холандија и Луксембург.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек