ВЕНЕЦУЕЛА ТОНЕ: Блиските на Мадуро уживаат во раскош
Објавено во: Свет 05 Февруари, 2019
Додека Венецуела е во криза и народот гладува, блиските на претседателот Николас Мадуро, неговото семејство и соработниците уживаат.
Мадуро е фотографиран во скап ресторан во градот Истанбул.
Посинокот на Мадуро вози автомобил прекриен со злато. На посинокот Јосвал Гавидиа Флорес друштво во трошењето во Париз му прави и другиот посинок, Валтер Гавидиа Флорес. Тие заедно потрошиле 45.000 долари за ноќевање во хотелот Риц.
Марија Габриела, ќерка на екс претседателот на земјата, Хуго Чавез е една од најбогатите жени во Венецуела. Таа рапсолага со богатство проценето на четири милијарди долари, што се чуваат на нејзините сметки низ Европа.
Во земјата основните животни трошоци се за 16 пати поскапи од минималната плата.