07 Мај, 2024
0.0246

Веселба во Авганистан за богатата жетва на афион

Објавено во: Стил 20 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Оваа година во јужен Авганистан се слави исклучителната жетва на афион, која им овозможува на жителите на овој сиромашен регион да опстанат.

Во Авганистан пролетта е синоним на офанзивата на исламистичките бунтовници и на жетвата на афион. Само оваа година стотици општи работници заминаа да собираат кафеава смола, која е суровина за производство на хероин и опиум.

Жетвата е ветувачка и приквечер мажите покажаа радоста.

„Ова е единствениот момент во текот на годината, кога можеме да заработиме. Овде луѓето работат по 15 дена, а потоа цела година се без работа"- објаснува Афзал Мохамед, земјоделски работник.

Успехот на жетвата покажува колку е нестабилна економската ситуација во Авганистан.

Авганистан останува неоспорен светски лидер по производството на афион.