(ВИДЕО-АКЦИЈА) МВР сузби група препродавачи на дрога: Најдени големи количини кокаин, марихуана, пари, панцири ...
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2017
Седум лица се лишени од слобода при вчерашната акција на МВР. Сите тие се сомничат дека и припаѓаат на групата која нелегално препродавала наркотични дроги во Кичево.
Повеќе пакувања со кокаин, поголема количина марихуана, повеќе пакувања со хероин, џоинти со марихуана, еден куршум од автоматско оружје, ова е најдено при акцијата која вчера МВР ја спроведе на подрачјето на Кичево.
Со акцијата е сузбиена група на препродавачи на наркотични дроги а при претресот меѓу останатото биле пронајдени и еден панцир, една полициска легитимација, тромблонски додаток за автоматска пушка, повеќе боксирачи и еден нож.
Биле пронајдени и пари во висина од околу 35.000 денари кај лицето К.Х. (47) додека кај Л.Ф. (23) биле пронајдени и одземени околу 32.000 денари и 50 евра.
Од МВР соопштија дека при претресот во домот на К.Х., односно при обидот на полициски службеници да влезат во неговиот дом, тој нападнал еден полициски службеник при што му нанел тешки телесни повреди при што К.Х ќе се соочи со кривична пријава за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
А.А. кој бил претресуван во Казнено поправната установа во Струга каде што издржува казна за недозволена трговија со наркотични дроги, биле пронајдени и со Потврда за одземени предмети, биле одземени четири мобилни телефони а МВР потенцираше дека ова лице имало посебен посебен третман во затворот.
Тоа значи дека секој ден имал дозвола да излегува наутро и да се враќа навечер а МВР според сознанијата соопшти дека веројатно во времето кога бил надвор веројатно вршел недозволена трговија со наркотични дроги.